
Македонските интернационалци Агон Елези и Јован Манев во вториот дел од сезоната ќе ја засилат македонската колонија во Хрватска. Агон Елези, кој беше дел од бундеслигашот Бохум, но не доби речиси никаква минутажа, ќе го засили тимот на Горица. Тој претходно во хрватскиот шампионат настапуваше за Вараждин.
Стоперот Јован Манев е на прагот да ја засили Ријека. Речиси сѐ е договорено, тој го напушта турскиот тим Адана како слободен агент и ќе се пресели во Ријека, која се бори за шампионска титула во Хрватска. Претходно, Манев во хрватскиот шампионат настапуваше за Осијек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
