Ливерпул ќе мора да се носи без својата голема ѕвезда Мохамед Салах во јануари поради неговиот ангажман со репрезентацијата на Египет на Африканскиот куп на нации. Сепак, „црвените“ ќе мора да најдат начин и да ги одбијат новите понуди кои доаѓаат за нивниот најдобар стрелец.
Нов клуб од Саудиска Арабија се вклучил во трката за потпис на Салах, откриваат медиумите на Островот. Веќе е остварен контакт со опкружувањето на напаѓачот, а претставници на неименуваниот арапски тим почнале да ја истражуваат можноста за негов трансфер, кој најверојатно ќе се случи по завршувањето на сезоната.
Минатото лето Ал-Итихад се договори со Салах, но Ливерпул категорично ги отфрли сите обиди на клубот од Џеда да му ја одземе ѕвездата.
Салах оваа сезона повторно е во топ форма, забележа 27 настапи во сите натпреварувања, постигна 18 гола и имаше девет асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













