 
																												
														
														
													Понудата од неименуван саудиски клуб во вредност од една милијарда евра за Винисиус Жуниор е повлечена, бидејќи Реал Мадрид планира да понуди нов договор на својата ѕвезда, пренесуваат шпанските медиуми.
Бразилецот е еден од главните цели на Саудиjците, кои имаат намера да привлечат уште поголем број глобално популарни фудбалери на Блискиот Исток.
Винисиус има важечки договор со Реал до 2027 година, но преговорите за продолжување на договорот наводно се заглавени, бидејќи тој бара да стане најплатениот фудбалер во клубот.
Според повеќе извори, Саудиците биле подготвени да платат 350 милиони евра отштета на Реал, а на Винисиус да му понудат договор од една милијарда евра за пет години, што би бил најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
Сепак, според весникот „АС“, петгодишната понуда е повлечена, иако интересот на Саудиците би можел да се активира повторно во иднина.
Се верува дека нови преговори меѓу Винисиус и Реал ќе се водат повторно во 2026 година, а самиот Винисиус претходно изјави дека неговата цел е да останe во клубот.
Реал веќе му оддаде признание, ставајќи го во групата на капитени за следната сезона. Главен капитен ќе биде Дани Карвахал, кој можеби и нема да има значајна минутажа, негов заменик е Феде Валверде, трет на листата е Тибо Куртоа, а четврти е Винисиус Жуниор.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														