Милан беше фаворит, но одигра само 2-2 против Сасуоло во натпреварот од 15. коло на италијанската Серија А.
Гостите поведоа уште во 13. минута со голот на Исмаел Коне, но „росонерите“ израмнија пред крајот на првото полувреме преку Давиде Бартезаги, кој го постави резултатот на пауза (1-1).
Во второто полувреме Милан добро започна, Бартезаги постигна уште еден гол по само две минути игра, а потоа тимот имаше и два брзо поништени гола. Се чинеше дека „росонерите“ се на пат кон нова победа, но Сасуоло не се предаде и приреди нов шок за домашните навивачи.
Гостите израмнија на 2-2 во 77. минута преку Французинот Арманд Лауриен, кој го постави конечниот резултат. За Милан ова е петто реми сезонава и останува на врвот на табелата, додека Сасуоло е на деветтото место со 21 освоен бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













