Австрискиот репрезентативец и напаѓач на Штутгарт, Саша Калајџиќ е на прагот да се пресели во Вулверхемптон. Иако неодамна беше посакуван од Манчестер Јунајтед, младиот напаѓач сега е многу блиску до потпис за Вулверхемптон.
Австриецот постигнал договор со „волците“, а клубовите преговараат за висината на обештетувањето. Се верува дека зделката ќе биде склучена наскоро и дека Штутгарт ќе добие 25 милиони евра од продажбата на играчот.
Саша Калајџиќ има 15 настапи за австриската репрезентација за која постигна четири гола. Штутгарт немаше многу избор бидејќи договорот на играчот истекуваше следното лето, па очигледно сакаа барем да заработат од неговото заминување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













