Египетскиот фудбалски репрезентативец и член на Ливерпул, Мохамед Салах, ги повика светските лидери да помогнат да се стави крај на конфликтот меѓу Палестина и Израел, кој ескалира по судирите меѓу израелската полиција и Палестинците во Ерусалим.
„Ги повикувам сите светски лидери, вклучително и премиерот на земјата што ми стана дом во последните четири години, да направат максимум што е во нивна моќ за да се стави крај на насилството и смртта на невини луѓе. Доста е“, порача Салах на Твитер асоцирајќи на Борис Џонсон.
Во текот на развојот на ситуацијата, палестинското движење Хамас започна да извршува масовни ракетни напади врз градовите Израел, како одговор на ова, израелските вооружени сили започнаа да напаѓаат цели на палестинските територии. Пријавени се десетици смртни случаи и стотици повредени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













