
Мохамед Салах се враќа во вистинско време. Египетската фудбалска федерација потврди дека Мохамед Салах целосно се опоравил од повредата и дека е подготвен за претстојниот дуел со Сенегал во борбата за пласман на Светското првенство во Катар.
Генералниот директор на египетската репрезентација Диа Ел-Сајед изјави дека Салах ќе ја води својата селекција против Сенегал, во реваншот од финалето на КАН.
„Салах се чувствува одлично и е целосно подготвен за натпреварот“, рече тој.
Ова е совршена вест и за Јирген Клоп, бидејќи Ливерпул има пеколен распоред во април – дуел со Бенфика во Лигата на шампионите и дуел со Манчестер Сити во Премиер – лигата, како и полуфиналето на ФА Купот, сето тоа за само две недели.
Претходно Салах ќе го одигра важниот двомеч за Египет. Првиот натпрвар е на програмата во петок од 20.30 часот, а потоа следи реваншот во Сенегал во вторник од 19 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal