Мохамед Салах, Виктор Осимен и Ашраф Хакими ќе се борат за наградата Играч на годината во Африка. Признанието ќе биде доделено на церемонија што ќе се одржи во среда, 19 ноември, во Рабат.
Напаѓачот на Ливерпул ја освои титулата во Премиер – лигата, а притоа стана и најдобар стрелец во лигата. Тој ги освои и трите награди за Играч на сезоната во Англија. Салах исто така го предводеше Египет до пласман на Светското првенство што ќе се одржи следната година.
Хакими, пак, имаше извонредно успешна сезона со ПСЖ, со кој освои тројна круна. Покрај тоа, му помогна и на Мароко да се пласира на Мундијалот следната година.
Нигерија нема да игра на Светското, но Виктор Осимен стана шампион со Галатасарај и моментално е водечки стрелец во Лигата на шампионите. Напаѓачот ја освои наградата во 2023 година. Минатата година признанието му припадна на Адемола Лукман.
𝗣𝗹𝗮𝘆𝗲𝗿 𝗼𝗳 𝘁𝗵𝗲 𝗬𝗲𝗮𝗿 (𝗠𝗲𝗻) – 𝗙𝗶𝗻𝗮𝗹𝗶𝘀𝘁𝘀#CAFAwards2025 pic.twitter.com/C22pZJc3G7
— CAF_Online (@CAF_Online) November 16, 2025
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













