Мохамед Салах од Египет, Ашраф Хакими од Мароко и Виктор Осимен од Нигерија се тројцата номинирани за титулата африкански фудбалер на годината. Салах има уште една силна сезона со тимот на Ливерпул и ќе се обиде да ја освои наградата по третпат во кариерата, по 2017 и 2018 година.
Десниот бек на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, беше клучна фигура во селекцијата на Мароко кој стигна до полуфиналето на Светското првенство 2022. Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен постигна 26 гола за Наполи во Серија А минатата сезона и му помогна на тимот да ја освои титулата на Италија, за првпат по 33 години.
Минатогодишниот победник Садио Мане не е меѓу годинешните номинирани по неубедливата сезона во Баерн Минхен и трансферот во Саудиска Арабија.
За женската награда номинирани се петкратната победничка Асисат Ошоала, Темби Кгатлана и Барбра Банда.
Африканската фудбалска конфедерација ќе ја одржи годишната церемонија на доделување награди во понеделник во Маракеш, Мароко.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













