
Крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака, изјави дека едвај чека да заврши напорната сезона и потоа планира да спие цело лето. Тој истакна дека и покрај набиениот распоред на натпревари, психолошки се чувствува добро.
„Да се запрашав кога бев помлад каде сакам да бидам, ќе речев „на теренот, играјќи за Арсенал секоја недела на највисоко ниво“. Затоа, јас сум среќен. Ќе издржиме до крајот на сезоната, а потоа се затворам во мојата соба и ќе спијам до крајот на летото“, изјави Сака.
21-годишниот Англичанец одигра 37 натпревари за клубот оваа сезона, постигнувајќи 11 голови, со девет асистенции.
Арсенал утре на „Емирати“ го пречекува Кристал Палас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
