Connect with us

Сагата за Ѓокереш заврши? Арсенал и Спортинг се договориле!

Сагата околу можниот трансфер на Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон во Арсенал наскоро би можела да заврши, доколку се потврдат информациите на познатиот трансфер-експерт Фабрицио Романо.

Според неговите тврдења, Арсенал, Спортинг и самиот играч веќе се усно усогласени околу деталите на трансферот. Спортинг ја прифатил понудата од 63,5 милиони евра плус дополнителни 10 милиони во бонуси.

Швеѓанецот веќе некое време јасно покажуваше дека Арсенал е неговата прва опција за продолжување на кариерата. Доколку се финализира трансферот, Ѓокереш ќе стави потпис на петгодишен договор со лондонскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови