Connect with us

Русија ја разгледува можноста да ја напушти УЕФА и да прејде во Азија

Извршниот комитет на Руската фудбалска федерација денеска ќе ја разгледа можноста од УЕФА да премине во Азиската федерација (АФЦ).


Како што е веќе познато, УЕФА им забрани на руските клубови и репрезентации да учествуваат во нејзините натпреварувања, па Русите ја загубија можноста да играат на Светското првенство и Европското првенство.


Сепак, европската куќа на фудбалот не сака да ја загуби Русија во своите рамки и да и ја „препушти“ на Азија. Ова денеска го потврди рускиот портал „Шампионат“.


„Без разлика на моменталната ситуација, УЕФА не сака Русија да го повлече своето членство. Таа е подготвена, штом геополитичката ситуација дозволи, повторно да го внесе рускиот фудбал во својот распоред. Би било сериозен удар за УЕФА доколку Русија се повлече“, пишуваат Русите.


Одлуката е на Русија, а УЕФА сигурно нема толку брзо да им ја укине суспензијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови