
Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Кристијано Роналдо е „најзаслужен“ за лошата атмосфера во Манчестер Јунајтед.
Неговото враќање во Манчестер ги разбуди надежите на „црвените ѓаволи“ за подобри денови за нивниот клуб, како оние кога Португалецот го помина првиот мандат на „Олд Трафорд“. Сепак, ниту самата организација, ниту Кристијано не се исти.
Заминувањето на Сер Алекс Фергусон го остави Манчестер во меѓупростор и тоа продолжува до денешен ден, додека Роналдо стана една од најистакнатите фигури во историјата на спортот. Неговата глад за победа понекогаш преовладува над здравиот разум, па според поранешниот играч на Баерн Минхен, Њукасл и Ливерпул, Дитмар Хаман, стравот владее во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.
„Има прашалници кога е Роналдо во прашање. Дали навистина се меша во тимот и дали играчите се плашат од него?“, прашува Хаман.
Тој смета дека настапот на Кристијано во Манчестер е особено лош за Џејдон Санчо кој минатото лето беше платен 100 милиони фунти во Борусија Дортмунд, но засега не оправда ни една фунта.
„Мислам дека во моментов, во средина каква што е Манчестер Јунајтед, многу е тешко за новодојденец да се истакне. Не изгледа како здрава средина за нов фудбалер да работи од првиот ден. Тој треба да знае како функционира Премиер – лигата. Ја мина академијата на Манчестер Сити, но изненаден сум како тоне во моментов. Тоа можеме да го припишеме на целиот тим, кој не изгледа како хомогена група, додека менаџерот се обидува да го реши тоа“ изјави Хаман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
