Connect with us

Роналдо Назарио: Кристијано вели дека е најдобар во историјата? Не се сложувам…

Кристијано Роналдо (40) гостуваше кај Пирс Морган. Интервјуто наскоро ќе биде објавено, соопшти Морган, кој направил разговор од 80 минути со Роналдо во неговиот дом во Саудиска Арабија. Некои делови од интервјуто веќе протекоа во јавноста, а еден од нив е и разговорот за Лионел Меси.

Морган му ја прочитал на Роналдо изјавата на Вејн Руни, кој рекол дека не го мрази Роналдо, но дека Меси е подобар фудбалер од него. На тоа, Роналдо одговорил:
„Немам проблем со таа изјава, но не се согласувам – подобар сум од Меси. Не сакам да бидам лажно скромен.“

Португалецот додал и дека се смета себеси за најдобар фудбалер на сите времиња. На таа изјава реагираше легендарниот бразилски напаѓач Роналдо Назарио.


„Кристијано Роналдо вели дека е најдобар во историјата? Некои луѓе имаат многу самодоверба. Јас повеќе сакам другите да зборуваат за мене, отколку јас самиот. Тој е еден од најдобрите во историјата, но дали е најдобар? Не се согласувам. Сепак, го почитувам неговото мислење – сигурно е меѓу најдобрите во историјата, би рекол меѓу првите десет“, изјави Роналдо Назарио.

Роналдо Луис Назарио де Лима, познат како Роналдо Назарио или едноставно Роналдо, е еден од најпознатите и најуспешни бразилски фудбалери во историјата. Кариерата ја започнал во Бразил, играјќи за Сао Кристовао и Крузеиро, а потоа преминал во Европа, каде што настапувал за ПСВ Ајндховен, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и на крај за Коринтијанс.

Освоил многу титули, меѓу кои и две светски првенства со репрезентацијата на Бразил (1994 и 2002), а во 2002 година бил најдобар стрелец на Светското првенство. Три пати е прогласен за најдобар фудбалер на светот (1996, 1997 и 2002), а во текот на кариерата освоил бројни други трофеи – како Купот на УЕФА, домашни лиги и индивидуални признанија како „Златната топка“ и „Златната копачка“.

По завршувањето на играчката кариера, успешно вложувал во бизниси и е сопственик на удел во фудбалскиот клуб Реал Валјадолид. Неговата кариера била обележана со бројни повреди, но и со неверојатен талент и успеси, поради што и денес се смета за фудбалска легенда.

Кристијано Роналдо петпати ја освоил „Златната топка“, бил најдобар фудбалер на светот во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Шестпати завршил на второто место (2007, 2009, 2011, 2012, 2015 и 2018). Лионел Меси ја освоил „Златната топка“ осум пати (2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019, 2021 и 2023), а петпати бил втор (2008, 2013, 2014, 2016 и 2017) – секојпат зад Кристијано Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови