Килијан Мбапе минатиот месец му кажа на раководството на ПСЖ дека е време за збогум. Неговиот договор истекува на лето и тој изјави дека повеќе нема намера да остане во Париз. Не се посочува каде оди, но сите се убедени дека тоа е Реал Мадрид со кој се поврзува со години.
Играњето за Реал или Барселона е сон на многу фудбалери. Еден од оние што имаше среќа да го облече дресот на двата шпански гиганти е бразилскиот феномен Роналдо Назарио (47). Да не беше несреќната повреда на коленото, којзнае што ќе направеше, но поранешниот бразилски репрезентативец и вака остави длабока трага во фудбалот и многумина велат дека е еден од најдобрите на сите времиња.
Роналдо даде интересен коментар за евентуалната преселба на Мбапе во Мадрид.
„Треба да почекаме да биде официјално објавено пред да навлеземе во детали, но едно е јасно, сите едвај чекаат Килијан Мбапе да замине во Реал Мадрид. Тој е неверојатен играч“, вели Роналдо.
„Знам точно што ќе се случи кога ќе дојде во Реал Мадрид. Тој ќе стане најдобар. Конечно ќе ја освои „Златната топка“. Мислам дека тоа е многу добар избор за него. Се разбира, во Реал тој ќе има тим кој ќе го поддржува во секоја одлука што ќе ја донесе. Тој ќе има тим што ќе му помогне и на теренот и надвор од него. Тие ќе го заштитат. Но, мислам дека живееше многу добри моменти и во ПСЖ. Се разбира, луѓето таму се обидоа да го задржат. Тој беше голема ѕвезда на проектот“, изјави Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













