Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека Светското првенство 2026 ќе биде неговото последно, а конечното збогување со фудбалот го очекува за една или две години. Португалскиот напаѓач, кој постигнал повеќе од 950 голови за клуб и репрезентација, дебитираше како тинејџер во Спортинг во 2002 година и во интервјуто рече дека наскоро ќе се повлече за да помине повеќе време со своето семејство.
На прашањето за време на видеоконференција на туристичкиот форум во Ријад дали Светското првенство 2026 ќе му биде последно, петкратниот добитник на Златната топка одговори:
„Да, дефинитивно. Ќе имам 41 година и мислам дека тоа ќе биде вистинскиот момент.“
Роналдо, кој во моментов игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, останува капитен на португалската репрезентација и е најефикасен играч во историјата на националните тимови. Светското првенство 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во јуни, Роналдо го продолжи договорот со саудискиот клуб Ал-Наср до 2027 година, а 40-годишниот Португалец цели и на следното Светско првенство, единствената голема титула што му недостасува.
„Навистина уживам во моментот. Како што знаете, во фудбалот кога достигнувате одредена возраст, месеците минуваат многу брзо. Се чувствувам одлично во овој момент. Постигнувам голови, уште секогаш се чувствувам брзо и остро. Уживам во играта за репрезентацијата. Кога велам ‘наскоро’, тоа веројатно значи една или две години“, рече тој на прашањето за пензионирањето.
Роналдо исто така рече дека знае дека ќе влезе во историјата како еден од најдобрите играчи на сите времиња, но дали неговиот син Кристијано јуниор, кој оди по неговите стапки играјќи за португалската репрезентација до 16 години, може да биде подобар играч од својот татко?
„Како луѓе, не сакаме никој да биде подобар од нас. Но сакам моите деца да бидат подобри од мене. Никогаш нема да бидам љубоморен на него. Не сакам да му создадам дополнителен притисок, затоа што она што го сакам за него е да биде среќен. Не е важно дали сакаш да играш фудбал или друг спорт. Биди среќен, биди слободен. Немој да бидеш под притисок од својот татко, бидејќи тоа е многу, многу голем притисок.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













