Connect with us

Роналдо ја искоментира „Златната топка“ за Меси?

Не стивнува бурата околу доделувањето на „Златната топка“ на Лео Меси. Додека едни го бранат Аргентинецот, други сметаат дека Роберт Левандовски ја заслужил наградата. Во приказната се приклучи и Кристијано Роналдо, кој заврши на шестото место во гласањето за наградата и не беше присутен на церемонијата на „Франс Фудбал“.


Тој, или одговорниот за неговите соицијални мрежи, се вмеша во коментарите за Лионел Меси.

„Кој ја доби наградата на крајот? Се разбира, Меси, кој го освои само Кралскиот куп со Барселона. Тој немаше постигнато гол против Реал Мадрид откако Роналдо го напушти клубот, исчезна на сите големи натпревари оваа година и победи на Копа Америка, која треба да се одржува на секои четири години. Не постигна голови ниту во полуфиналето, ниту во финалето. Одигра слаба сезона“, е коментарот за Лионел Меси, под кој Роналдо истакна само еден збор.

„Факти“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови