
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо стана сопственик на Крузеиро, клубот во кој ја започна својата кариера и од кој во 1994 година го почна походот во Европа, кога потпиша за ПСВ Ајндховен.
„Имам многу да му вратам на овој клуб. Има многу работа пред нас и сакаме да го вратиме Крузеиро каде што му е местото“, изјави Роналдо.
Крузеиро е четирикратен бразилски шампион, а последните две титули ги освои во 2013 и 2014 година. Беше шампион на Јужна Америка и во 1976 и 1997 година, но моментно се натпреварува во втората бразилска лига и минатата сезона заврши само на 14. место од 20 екипи. Тоа е вториот клуб во кој Роналдо е мнозински сопственик, а од 2018 година е главен човек на шпанскиот Валјадолид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
