Италијанскиот калчолигаш Рома се раздели со тренерот Даниеле Де Роси, кој е и играчка легенда на клубот. По слабите резултати на почетокот на новата сезона, раководството сепак одлучи да му даде отказ на Де Роси.
Тој дојде минатата сезона на местото на Жозе Мурињо и во тие моменти успеа да го подигне тимот, на почетокот на оваа сезона Рома бележи послаби резултати од очекуваното.
„Одлуката е донесена за доброто на клубот, за да може навремено да продолжи по вистински пат, кога сезоната уште е на почеток. Ова секогаш ќе биде дом за Даниеле, и му благодариме за работата што ја изврши во последните неколку месеци“, истакнаа од Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













