Connect with us

Рома преку Кремонезе стигна до врвот на Серија А (ВИДЕО)

Рома оствари убедлив триумф од 1-3 на гостувањето кај Кремонезе и со новите три бода се искачи на врвот на табелата во Серија А. Тимот на Џанпјеро Гасперини, кој денеска беше исклучен за време на натпреварот, сега има 27 бода — два повеќе од Наполи и три предност во однос на Интер, кој вечерва го игра градското дерби против Милан.

Матијас Суле уште во 17. минута донесе водство за Рома, а Еван Фергусон во 64-тата минута зголеми на 0-2. Само пет минути подоцна погоди и Весли Франка, додека домаќините постигнаа почесен гол во 93. минута преку Франческо Фолино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови