Хрватскиот стратег Иван Јуриќ доби отказ од тренерската позиција во Рома по поразот 2-3 од Болоња на „Олимпико“. Јуриќ ја презеде Рома на 18 септември од Даниеле Де Роси, но по серија од четири победи, три нерешени натпревари и пет порази, го напушта клубот, оставајќи го на 12. место во Серија А со 13 бода.
Во Лигата на Европа, Рома е на 20. место со пет бода, со една победа, две нерешени и еден пораз.
Слабата форма на Рома беше главната причина за отказот на Јуриќ. Тимот покажуваше неефикасна игра, а лошите резултати во последните пет натпревари, од кои четири завршија со пораз, само ја потврдија кризата.
Дополнително, Јуриќ влезе во конфликт со најдобриот играч, Пауло Дибала, кој не настапи на денешниот натпревар.
За најсериозни кандидати за наследник на Јуриќ се споменуваат Роберто Манчини, Паоло Соуса и Маурицио Сари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Џошуа Зиркзе се согласил на трансфер во Рома
Евро-фудбал
Арне Слот добил ултиматум од Ливерпул
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу













