Connect with us

Родри се врати на тренинзите на Сити и ќе конкурира за мечот в среда против Свонси

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, се врати на тренинзите по повредата на мускулот.

Родри ги загрижи сите на „Етихад“ кога пред еден месец го повреди коленото. Се врати многу брзо, настапи против Монако и Брентфорд, но потоа повторно го немаше на следните три натпревари.

Физичката состојба на Шпанецот е променлива откако се врати по повредата и операцијата на предните вкрстени лигаменти.

Сега повторно е подготвен да му помогне на тимот. Во колкава мера — наскоро ќе видиме, бидејќи Сити веќе во среда гостува кај Свонси, а потоа ги очекуваат дуели со Борнмут и Борусија Дортмунд на „Етихад“, пред да го пречекаат Ливерпул во пресрет на репрезентативната пауза.

Шпанецот досега одигра седум натпревари оваа сезона и има собрано околу 400 минути на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови