Connect with us

Родри е играч на сезоната во ЛШ, во најдобриот тим има седуммина „граѓани“

Еден ден по финалето на Лигата на шампионите, УЕФА го објави најдобриот за оваа сезона, а во стартниот состав доминираат играчите на новиот шампион Манчестер Сити.


Од „граѓаните“ има седум фудбалери, а од финалистот Интер и од полуфиналистот Реал Мадрид по двајца.


Родри е избран за најдобар фудбалер во ЛШ, а Квича Кварацкелија е најдобар млад фудбалер.


Во најдобриот тим на ЛШ се најдоа: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Кајл Вокер (Манчестер Сити), Рубен Дијас (Манчестер Сити), Алесандро Бастони (Интер), Федерико Димарко (Интер), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Родри (Манчестер Сити), Кевин Де Брујне (Манчестер Сити), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови