
Ралф Рангник уште не седна на клупата на Манчестер Јунајтед, се уште ја чека работната виза за Велика Британија, а медиумите на Островот веќе го „сменија“ и пишуваат за менаџерот кој ќе ги преземе „црвените ѓаволи“ по завршувањето на сезоната. Германецот се договори да биде привремено решение до крајот на сезоната, а потоа ќе остане како фудбалски консултант во клубот уште две години.
Како што најавуваат англиските медиуми, Роберто Манчини треба да биде следниот менаџер на Манчестер Јунајтед. Наводно, контактите се веќе направени и тој би дошол на почетокот на сезоната, доколку со Италија не успее да се пласира на Светското првенство во Катар. Во спротивно, би го преземал Јунајтед после мундијалот во Катар.
Италија за ривал во полуфиналето од баражот за пласман на СП ќе игра против Македонија, а потоа победникот го чека и финален дуел со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Манчини е согласен да се врати на клупскиот фудбал, а интересно е дека во минатото беше менаџер на градскиот ривал Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
