
Фудбалската репрезентација на Македонија во 2022 година оствари една од најголемите победи во историјата. Заедно со претходниот триумф над Германија во Дуизбург, победата над актуелниот европски првак Италија (0-1) во Палермо ќе остане запишан со златни букви во нашето национално CV.
Александар Трајковски во последните моменти од натпреварот, на теренот што многу добро го познава во Палермо, го совлада Донарума и ги шокираше Италијанците одземајќи им го Мундијалот.
По ова следеше дуелот со Португалија на „Драгао“ во Порто, финалниот испит за пласман на Светското првенство, кој Македонија, за жал, не успеа да го положи. Избраниците на Благоја Милевски беа поразени со 2-0.

Блесокот од баражот потоа го снема во Лигата на нации. Добивме лекции од Грузија, и во Скопје (0-3) и во Тбилиси (2-0), а на крајот дојде шокот и со поразот од Бугарија (0-1) на арената „Тодор Проески“. Завршивме како третопласирани во групата, иако амбициите беа многу поголеми, да се напаѓа првото место.
2023 е пред нас, нов голем предизвик за фудбалскиот национален тим. Следна голема цел на „црвено-жолтите“ се квалификациите за пласман на ЕВРО 2024, а ривалите се навистина жестоки, Англија, Италија, Украина и Малта.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
