Connect with us

Респект: „Стемфорд бриџ“ со овации го поздрави Жозе Мурињо, а тој возврати со бакнежи кон трибините (ВИДЕО)

Жозе Мурињо со Бенфика се врати на „Стемфорд Бриџ“ во рамките на второто коло од Лигата на шампионите, каде што го дочека неговиот поранешен клуб Челси.

За Португалецот, ова не е обично гостување – тој двапати го предводеше лондонскиот тим и во тие два периода освои осум трофеи, оставајќи силен белег во историјата на клубот.


Затоа и дочекот беше спектакуларен: публиката на стадионот се крена на нозе и во еден глас го поздрави со скандирање, а Мурињо емотивно возврати со бакнежи кон трибините.

„Специјалниот“ првпат седна на клупата на Челси во 2004 година и остана до 2007, за потоа да се врати повторно во 2013 и да остане до 2015 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови