
Каталонскиот гигант Барселона ќе се соочи со големи проблеми по репрезентативната пауза.
Дури четворица играчи се повредени при настапот во Лигата на нации, што може да го исфрли од колосек тимот во решавачките натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите.
Дефанзивците Жул Кунде и Роналд Араухо ќе бидат надвор од терените извесно време. Кунде се предвидува дека ќе отсуствува три до четири недели, додека Арау ќе има пауза од дури седум недели.
Холандскиот тандем Мемфис Депај и Френки де Јонг ги чекаат дополнителни прегледи по враќањето во клубот, по што ќе се знае дали и колку долго ќе мора да паузираат.
Она што ја очекува Барселона во следниот период се натпревари со Интер и со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, како и дерби меч со Реал Мадрид во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
