
Силекс ќе има многу маки во претстојната сезона во Втората лига Запад, но некогашниот македонски шампион барем малку ќе се потсети на славните денови со настапот на европска сцена. Со оглед дека го освои Купот на Македонија во сезоната во која и испадна од елитата, тимот на Силекс ќе игра во Конференциската лига на УЕФА. Денеска (16 часот) на комплексот на ФФМ кратовци ќе го пречекаат молдавскиот клуб Петрокуб.
А кога и Молдавците се фаворити, јасно е на какво дереџе спадна Силекс, кој сега го предводи Горазд Михајлов.
„Европа е предизвик за нас и се надеваме дека ќе имаме подолго европско лето. Приоритет на Силекс ќе биде да се врати во елитата, но максимално посветени сме и на настапот на меѓународна сцена. Ова е новоформиран тим и токму затоа веројатно Петрокуб е фаворит, затоа што има стабилен состав кој неколку сезони игра заедно. Сепак, ние сме максимално мотивирани да обезбедиме позитивен резултат на денешниот прв дуел во Скопје“, вели тренерот Горазд Михајлов.
Натпреварот меѓу Силекс и Петрокуб ќе се одигра на стадионот на комплексот на ФФМ со почеток во 16 часот, а влезот за гледачите е слободен, но и ограничен во согласност со ковид-мерките препорачани од УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Шешко не сака да оди во Саудиска Арабија
