
Минатата сезона во Европа, оваа сезона во бараж. Ренова имаше слаба сезона на прволигашката сцена, успеа да се извлече и да не испадне, но ќе мора да одработи дополнителен бараж за да го обезбеди опстанокот во Првата фудбалска лига. Противник е забревтаниот второлигаш Охрид кој сака по една деценија повторно да игра во елитата.
„Јасно е, грешки не се дозволени. Баражот мора да се одигра максимално внимателно“, порачува тренерот на Ренова, Ќатип Османи.
Ренова и Охрид ќе ги одмерат силите на комплексот на ФФМ, а мечот ќе го суди Александар Грујоски. Доколку нема победник по 90 минути веднаш ќе се изведуваат пенали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
