
Ренова забележа два порази на стартот на пролетта и нема друг избор освен да брка триумф на денешниот дуел против Вардар. „Црвено-црните“ не се лесна пречка иако се релативно неподготвени, а тренерот на „гипсарите“, Ќатип Османи, вели дека тешко е да мора да се вадиш против најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
„Направивме несфатливи грешки и тоа Пелистер знаеше да го искористи. Истото ни се случи и против Беласица дома и ќе мора да бидеме многу повнимателни на следните мечеви. Едноставно, Ренова многу подобро“, потенцира Ќатип Османи.
Тетовскиот тим ќе влезе во огромна резултатска криза ако не освои бодови и на денешниот меч со Вардар.
Шкупи киксна против Академија Пандев дома, ремизираше без голови, па нема простор ниту за најмал кикс во продолжението од шампионатот ако сака да остане во конкуренција за титулата. Негативата во однос на Шкендија е се поголема, а Шкупи денеска има непријатно гостување во Кратово. Тренерот Хасан Озер очигледно најмногу мака има со функционирањето на нападот.
Пелистер победи во минатото коло и малку живна, а сега ќе се обиде да остане непоразен во Струга каде многу тешко се освојуваат бодови. Борец во Велес сака да стигне до прва пролетна победа против Беласица, а дербито се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде Работнички ќе се обиде да ја сопре Шкендија.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
