
Шкендија ја совлада Македонија ЃП со 3-4 во Ѓорче Петров и ги симна „лавовите“ од позицијата која носи излез на европска сцена. Но, победничкиот погодок на Арменд Алими во 92.минута можеби е постигнат на нерегуларен начин. Во моментот кога тој шутира кон голот на Македонија ЃП, на теренот се наоѓаат три топки, што е недозволиво според фудбалските правила. Во таков случај, судијата треба веднаш да ја прекине играта.
Сепак, судијата Игор Стојчевски не реагираше затоа што некој го сакаше веројатно токму тоа, намерно беа фрлени топки на теренот за да биде прекинат натпреварот при шансата на Алими…Да биде срамот поголем, сето ова одеше во директен ТВ пренос пред целиот македонски, но и балкански аудиториум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
