
Украина извлече победа (2-3) против Македонија во Скопје, но селекторот Сергеј Ребров знае дека утре неговиот тим ќе се соочи со една квалитетна селекција на Благоја Милевски. Тој вели дека ќе има многу борба и на утрешната пресметка.
„Македонија е многу силен тим, го увидовме тоа и на првиот натпревар во Скопје. Да, се вративме со одличен настап во второто полувреме, победивме, но далеку од тоа дека противникот беше инфериорен. Едно е јасно, ќе има многу борба и на утрешната пресметка. За жал, не можеме да сметаме и на Кривцов во одбраната, а ќе недостасуваат и Циганков и Јармоленко. Сепак, верувам во момците што се тука, многу добро знам како е мотивиран Малиновски кој е повторно со нас, а среќен сум што и Мудрик го постигна првиот погодок за Челси. Подготвени сме за надигрување и нема сомнение дека нѐ очекува тежок натпревар“, изјави Сергеј Ребров на официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чудо на “Емирати”, Интер го освои Минхен

Евро-фудбал
Нов случај „Дани Алвеш“ во шпанскиот фудбал
