Реал Сосиедад донесе одлука за прекин на соработката со досегашниот тренер Серхио Франциско, кој веќе нема да биде на клупата на тимот од Сан Себастијан. Заедно со него, клубот се раздели и со неговиот асистент Хосу Ривас.
Франциско беше дел од Реал Сосиедад повеќе од 11 години, започнувајќи како тренер во младинските категории, а подоцна и како шеф на стручниот штаб на првиот тим.
Од клубот се заблагодарија за неговиот ангажман и придонес.
„Сакаме јавно да ја искажеме нашата благодарност за професионалниот однос, посветеноста и работата што Серхио Франциско ја вложи, како во улогата на тренер на сениорскиот состав, така и низ сите години минати во клубот. Му посакуваме многу успех понатаму, и на личен и на професионален план“, соопштија од Реал Сосиедад.
Во меѓувреме, за привремен тренер е назначен Џон Ансотеги, актуелниот стратег на Б-тимот на Сосиедад. Тој ќе ја води екипата до Божиќ, по што клубот ќе донесе конечна одлука за тренерската функција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски













