
Оваа недела носи ново издание на Ел Класико, кое се очекува да биде клучно за титулата во Ла Лига. Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на стадионот „Монжуик” во Барселона и ќе започне во 16:15 часот.
Во моментов Барселона е лидер на табелата со четири бода предност пред Реал Мадрид, а до крајот на сезоната остануваат само четири кола. Тоа значи дека за да ја задржи шансата за титулата, Реал Мадрид мора да го победи овој натпревар. Проблем за мадридскиот клуб е тоа што тие ја загубија секоја од трите пресметки со Барса оваа сезона – 2-5 во Суперкупот на Шпанија, 0-4 во Ла Лига и 2-3 по продолженија во финалето на Купот на кралот.
Натпреварот ќе биде специјален и за Карло Анчелоти, кој ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната за да го преземе националниот тим на Бразил. Очекувањата се дека по завршувањето на натпреварот ќе биде официјално потврдена неговата разделба со клубот, а на негово место ќе дојде Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.
За Барселона, по елиминацијата од Шампионската лига, овој натпревар ќе биде шансата за опоравување. Победата против Реал Мадрид ќе биде уште послатка за каталонците, бидејќи тоа може да биде пресвртна точка во освојувањето на титулата во Ла Лига.
Повторно се очекува голема тензија и жестока пресметка, а се чини дека притисокот е на страната на „кралевите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
