Connect with us

Реал Мадрид подготви милионска понуда за Џуд Белингем

Џуд Белингем се наметнува како приоритетна цел на Реал Мадрид за следното лето и понудата на клубот за 19-годишниот играч на Борусија Дортмунд би можела да достигне 140 милиони евра, пишува мадридски „АС“. Англискиот играч за врска се смета за клучен играч во обновувањето на средниот ред, кое започна со потписите на Камавинга и на Чуамени.


Откако раководството на Реал Мадрид даде зелено светло за негово привлекување, неодамна емисар на клубот замина во Германија да се сретне со играчот од средниот ред и неговото семејство, пренесува шпанското издание.

Посетата на репрезентативецот на Реал Мадрид имаше за цел одблиску да го запознае играчот, како и да му ги покаже предностите на клубот и да го убеди дека „кралскиот клуб“ е идеалната опција за продолжување на кариерата.

Средбата во Дортмунд имаше и за цел да ги расчисти сите сомнежи кои може да ги има младиот играч, како и да му објасни поконкретни аспекти за шпанскиот гигант. Ваквиот убедлив маневар е вообичаен за повеќето млади играчи кои му се приклучија на Реал Мадрид во последните години како Чуамени, Винисиус, Валверде и Родриго.

Реал Мадрид ќе мора силно да наддава заедно со Ливерпул за Белингем. Во Германија тврдат дека клубот од „Енфилд“ е омилената дестинација на младиот играч. Според „Билд“, Ливерпул е во подобра позиција од Реал за потписот на Белингем. Но, на „Бернабеу“, сепак, не губат надеж.

И двата клуба, Ливерпул и Реал Мадрид, се подготвени да платат повеќе од 100 милиони евра отштета што ги бара германскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови