Реал Мадрид започнал преговори со Маурисио Покетино, кој треба да го наследи Карло Анчелоти доколку го напушти шпанскиот клуб на крајот на сезоната, објави „Ел Насионал“. Договорот на Анчелоти е со важност до следното лето, но според шпанските медиуми, судбината на искусниот стручњак не е сигурна.
Покетино во јули минатата година доби отказ од ПСЖ. Го водеше парискиот клуб година и пол, а пред тоа пет години беше тренер на Тотенхем. Беше и на клупата на Саутемптон и Еспањол. Доколку Покетино го преземе Реал, ќе има големи кадровски промени, тврди „Ел Насионал“.
Тој ќе ги отпише Еден Азар, Дани Карвахал, Хесус Вале, Алваро Одриозола, Маријано Дијаз, Ферланд Менди и Лукас Васкез.
Покетино би сакал да доведе неколку засилуваеа, меѓу нив наводно Марсело Брозовиќ и Дензел Дамфрис од Интер.
Сепак, има и друга струја во „кралскиот клуб“ која притиска да му се даде шанса на легендарниот фудбалер Раул Гонзалес кој го води тимот на Реал Мадрид Кастилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













