“Гол” ги одреди десетте клубови кои имаат најмногу следбеници на социјалните мрежи, а дури пола од нив се всушност екипи од Премиер – лигата. Медиумот ги пресметал податоците комбинирајќи ги следбениците на клубовите на Твитер, Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб и ТикТок.
Реал Мадрид може да се пофали со неверојатни 252 милиони следбеници низ најголемите платформи, а Барселона има околу два милиони следбеници помалку од нив. Третопласираниот Манчестер Јунајтед има дури 142 милиони следбеници, односно над 100 милиони помалку од Барса, на пример. Тековниот шампион во Серија А, Јувентус е на четвртото место под „црвените ѓаволи“, а “старата дама” е единствената италијанска екипа што се најде на списокот.
Јуве има над 104 милиони следбеници, а голема улога во ова игра и фактот што го има Кристијано Роналдо во составот. Само петкратниот освојувач на Златната топка има неверојатни 278 милиони следбеници на Инстаграм. Челси ги комплетира првите пет места со над 93 милиони, а нивната фан-мрежа може да расте во наредните месеци доколку ја освојат втората титула во Лигата на шампионите. Ливерпул на Јирген Клоп е на шестото место бидејќи има само 700.000 навивачи помалку од клубот од западен Лондон.
Пари Сен Жермен е единствениот француски клуб на листата, и тие се наоѓаат на седмото место со 91 милион следбеници. Баерн Минхен е единствениот клуб кој ја преставува Германија, а баварците имаат над 88 милиони следбеници. Манчестер Сити се наоѓа на деветтото место пред Арсенал, а двата клуба ги делат само 100.000 следбеници.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski