Македонскиот прволигаш Работнички се придружи на клубовите кои не се задоволни од судењето на почетокот на новата сезона во Првата лига. Во соопштението на клубот од Дебар Маало се вели:
Поттикнати од случувањата, особено во последните одиграни кола, фудбалскиот клуб Работнички со лошото и тенденциозно судење на натпреварите од новата сезона во Првата фудбалска лига, се најде во подредена улога да зависи резултатски од (не)намерните грешки на делителите на правдата. Со оглед на генералната изедначеност на квалитетот на екипите, за што укажува и моменталната табела, судиските одлуки (грешки) се оние кои директно влијаат на крајниот резултат на натпреварот. Не сакаме да навлегуваме во детали и во поединечни судиски одлуки, туку сакаме генерално да го изразиме нашето незадоволство од она што се случува.
Иако до овој момент, ФК Работнички никогаш јавно не го коментирал судењето во ПМФЛ, сепак сметаме дека е редно време Судиската организација да реагира и да им укаже на судиите дека на фудбалските натпревари постојат за да ја делат достојно правдата според правилата на фудбалската игра. Секакви компромиси, правење на голем број грешки, наведуваат да размислуваме дека се работи за задкулисни игри и сценарија од кои ФК Работнички треба да биде оштетен.
Сакаме да испратиме остра реакција до Судиската организација да поведе внимание, при делигирањето на судиите, како и за поведението на судиите на натпреварите. Ниту еден судија не смее да се дрзне со пцовки и вулгарности да се обраќа кон фудбалерите на ФК Работнички.
ФК Работнички е клуб кој сериозно инвестира во натпреварувачкиот погон и размислува за излез на европската сцена, не сакаме да зависиме од расположението на одредени судии или можеби е уште пострашно доколку на таков начин се „крои“ изгледот на прволигашката табела. Ние сме клуб кој секогаш се залага за правичност и фер-плеј, но сакаме да сугерираме дека судењето на фудбалските натпревари од Првата фудбалска лига на Македонија, од коло во коло е се покатастрофално и многу често, намерно или ненамерно оди на штета на нашиот клуб.
Спортски поздрав,
ФК Работнички АД – Скопје
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski