Тун ја потврди својата доминација во швајцарскиот шампионат со убедлива победа од 3-0 над Винтертур, со што се искачи на врвот на табелата. Иако од 39. минута играше со играч помалку, тимот од Берн покажа карактер и класа, не дозволувајќи му на противникот да се закани сериозно.
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер се најде на теренот во 55. минута, а неговото влегување донесе дополнителна енергија во нападот. Тој ја завери победата со гол во 82. минута, поставувајќи ги конечните 3-0.
Ова беше втор погодок за Растодер во тековната сезона во швајцарската Суперлига. Благодарение на овој триумф и неуспехот на Сент Гален, Тун сега самостојно го предводи првенството со предност од четири бодови.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за првпат се најде меѓу стативите на Валенсија, бранејќи во натпреварот од Купот на Шпанија против Маракена. На гостински терен, искусниот чувар на мрежата одигра сигурен меч, не дозволувајќи погодок, а неговиот тим славеше убедливо со 0-5 и без проблеми се пласираше во следната рунда.
Ова беше прв настап за Димитриевски во тековната сезона, по низа натпревари во кои беше резерва во Ла Лига. Со одличното издание, тој потсети на своите квалитети и се наметна како опција за поголема минутажа во иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија













