Џакомо Распадори потврди дека „шамарите“ на Џенаро Гатузо не биле само метафорични, туку и сосема буквални, за да ја извлече Италија од кризата.
„Добив еден по вратот“, призна тој на прес-конференцијата по победата на „аsурите“ со 5-0 против Естонија во квалификациите за СП 2026.
„Тој навистина ни удри шамари, јас добив еден по вратот. Во овие денови ни всади многу решителност и карактер, бидејќи сме талентирани играчи, само треба да го покажеме тоа на теренот и да го докажеме. Мислам дека денес одигравме цврст натпревар од почеток до крај, затоа што не е лесно да постигнеш пет гола против ваков тим. Треба да веруваме дека сме на вистинскиот пат за да продолжиме напред“, изјави Распадори.
Гатузо беше назначен токму затоа што беше дел од тимот што ја освои светската титула во 2006 година, како и поради неговиот страстен пристап кон фудбалот. Италија се нема пласирано на Мундијал од 2014 година, а сега надежите во Гатузо се големи. Распадори откри и каква инспирација добил од новиот селектор.
„Имав среќа да го гледам како игра, па затоа го препознавам сето тоа во начинот на кој се движи сега на тренинзите, во начинот на кој зборува со нас – и како група и индивидуално. Тој ни покажува колку е важен дресот на ‘аѕурите’ и што претставуваме ние. Добро се справивме затоа што тоа брзо го прифативме и се подготвивме на најдобар можен начин, а сега треба да продолжиме така“, додаде Распадори.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













