Барселона го официјализираше доаѓањето на англискиот офанзивец Маркус Рашфорд, кој ќе игра за клубот како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед во текот на следната сезона. Каталонскиот гигант има можност да го откупи договорот за 30 милиони евра, а ако не ја искористи таа опција, ќе плати 5 милиони евра само за позајмицата.
Во исто време, Барселона ќе ја покрива целосната плата на играчот, кој прифатил намалување од 15% и сега ќе заработува 14 милиони евра бруто годишно, со цел да се олесни реализацијата на трансферот.
Како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Рашфорд избрал да го носи дресот со број „14“, инспириран од неговиот идол Тиери Анри, кој токму со тој број играше за Барселона.
📞 "Yeah… It’s official."
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 23, 2025
Rashford follows in Lineker’s footsteps. pic.twitter.com/ZvbnDAtbax
Со ова Рашфорд станува само втор англиски фудбалер кој настапувал за Барселона во последните сто години, по Гери Линекер кој беше дел од клубот од 1986 до 1989 година. Затоа и во промотивното видео со кое Барселона го објави трансферот, беше вметнато и пораката „Рашфорд тргнува по стапките на Линекер“.
Во видеото, снимено на тренинг-центарот на клубот, Рашфорд влегува во типична британска црвена телефонска говорница и преку слушалка објавува дека преминот во Барса е официјален.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија













