 
																												
														
														
													Тренерот на Рома, Клаудио Раниери, беше пресреќен по победата од 2-1 против Атлетик Билбао во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа. Сепак, тој е свесен дека овој резултат не гарантира ништо и дека шансите за двата тима да продолжат понатаму остануваат 50-50.
„Идејата беше да имаме повеќе опции во составот пред натпреварот и да можеме да реагираме во добри или лоши ситуации. Ова беше тежок натпревар, а реваншот ќе биде уште потежок. Но, ние исто така сме цврст противник и ќе се бориме за секоја топка. Ова е само првото полувреме. Мислам дека во моментов шансите сè уште се 50-50“, изјави Раниери.
Тој го пофали настапот на младиот Томазо Балданци, кој доби шанса да стартува како првотимец во овој натпревар.
„Кога го гледав на тренинзите, сфатив дека е подготвен. Балданци е во одлична форма во моментов. Видов дека Атлетик имаше проблеми во мечот против Атлетико Мадрид кога требаше да се справи со сличен играч, кој може да делува помеѓу нападот и средниот ред. Затоа знаев дека тој може да им создаде проблеми. Тој одигра одлично. Довербата во играчите е една од најважните работи за секој тренер. Секој може да направи грешка и да ја загуби самодовербата. Затоа само им укажувам каде треба да се подобрат, но им давам и слобода да напаѓаат и да создаваат проблеми за противникот. Овие момци се неверојатни. Тие ме следат во сè и вистинско задоволство е да бидам нивни тренер“, додаде италијанскиот стратег.
„Мора да продолжиме по овој пат, но мораме да правиме помалку грешки во додавањата и побрзо да ја движиме топката. Беше тешко бидејќи браќата Вилијамс се толку брзи, како да се на мотори. Успеавме да ги поставиме основите, но сега е важно да работиме на ситните детали, кои го претвораат добриот тим во голем тим“, заврши Раниери.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Мбапе ја доби „Златната копачка на Европа“
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														