По победата во дуелот против Башкими, фудбалерите на Арсими во меч од 13. коло во ПМФЛ ги очекува гостување во Струга.
Екипата од Чегране во овој натпревар влегува мотивирана по триумфот во претходната рунда, а атмосферата во таборот е позитивна и исполнета со самодоверба.
Еден од најистакнатите играчи на последниот меч, Албин Рамадани, е задоволен од настапот на тимот и од колективниот дух кој го покажаа на теренот.
„Одигравме многу добар натпревар. Почнавме со висок интензитет и ја контролиравме играта до крај. Сакам да им честитам на сите момци за посветеноста и тимскиот дух кој го покажавме”, изјави Рамадани.
А што се однесува на соочувањето против Струга Трим Лум, тој истакна:
„На денешниот натпревар за противник го имаме фаворитот Струга и тоа ќе биде сериозен тест за нас, но сме мотивирани и максимално подготвени. Имаме почит кон противникот, но веруваме во нашите квалитети и ќе излеземе на терен со цел да стигнеме до позитивен резултат против Струга”.
Арсими ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија и да докаже дека добрата форма во последните недели не е случајна. Почетокот на натпреварот е закажан за 13 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













