Connect with us

Раде Круниќ во Милан до 2025 година

Фудбалскиот клуб Милан денеска соопшти дека го продолжи договорот со фудбалерот Раде Круниќ до 2025 година. Круниќ дојде во Милан во 2019 година и за славниот клуб одигра 91 натпревар во сите натпреварувања.


Пиоли го користи Круниќ на многу позиции, а одличниот фудбалер моментално се опоравува од повредата на мускулот поради која пропушти неколку натпревари.

„Милан со задоволство објавува дека Раде Круниќ го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2025 година“, стои во соопштението на клубот.

Круниќ во кариерата настапуваше за Емполи, Борац од Чачак, Верона, Доњи Срем и Сутјеска од Фоча.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови