Македонскиот прволигаш Работнички доведе уште едно квалитетно засилување пред затворањето на летниот трансфер прозорец во Македонија. Нов член на клубот од Дебар Маало е Демир Имери, офанзивецот кој минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Шкупи.

Имери потпиша едногодишен договор со Работнички и всушност се враќа во клубот каде настапуваше пред повеќе од една деценија, кога во сезоната 2011/12 дојде од Влазрими.
Демир Имери градеше и интернационална кариера, беше член на Андижон, Влазнија, Егнатија, Атирау, Кеми, Олимпик Доњецк…Во Македонија играше и за Шкупи, Шкендија, Ренова…
Работнички ќе го доведе на позајмица и младинскиот репрезентативец Димитар Трајков како засилување за нападот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













