Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија во Прага со 1-2. Нашите фудбалери водеа со 1-0, но противникот направи пресврт и стигна до победата.
По мечот, Александар Трајковски истакна дека натпреварот бил добар тест пред дуелот со Лихтенштајн.
„За мене лично, постигнав убав гол и сум среќен поради тоа, но резултатот е поважен затоа што сите играме како тим. Овој натпревар беше вистински тест пред Лихтенштајн. Имавме тежок меч, ривалот ги искористи нашите две грешки и ни даде два гола. Секогаш се обидувам да извлечам позитивни работи од секој натпревар и да ги пренесам на следниот. Нема потреба да паѓаме. Фудбалот е таков – треба да извлечеме поука и да се подготвиме добро за Лихтенштајн, со кого играме за важни три бода“, изјави Трајковски.
Натпреварот со Саудиска Арабија послужи како подготовка за нашиот национален тим за претстојниот квалификациски дуел против Лихтенштајн во недела во рамките на квалификациите за Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Милан Ристовски стрелец за Бохемијанс во Чешка (ВИДЕО)
Интернационалци
Нов гол на Растодер, нов триумф за Тун
Евро-фудбал
Кенан Јилдиз потпиша за Јувентус до 2030 година
Евро-фудбал
Хојлунд од пенал донесе триумф за Наполи













