Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, се појави на прес-конференција пред стартот на репрезентацијата во квалификациите за СП 2026. Напаѓачот на Реал Мадрид ја искористи приликата за да го изрази своето незадоволство од големиот број натпревари што мораше да ги одигра со клубот во минатата сезона.
„Многу сум среќен што започнувам нова сезона и доаѓам со голема желба. Ова е важна година и за мојот клуб, и за националниот тим, и за мене лично. Имаме сè што е потребно за да постигнеме големи работи, почнувајќи од денешниот меч. Се трудам да не гледам премногу далеку, кон крајот на сезоната. Можам да играм во секоја тактичка шема. Во 3-5-2 има многу движење, но и ризици во однос на балансот. Во последниот собир примивме премногу голови. Системот е добар, но не знам како ќе играме.
Веќе три години сум капитен на Франција, израснав во таа улога и сега сум поискусен. Се трудам да бидам обединувач, но постојат и нови лидери – мора да има простор за секој соиграч.
Дали одиграв премногу минатата сезона? Не сум сигурен дека е можно да се играат 60 натпревари во една сезона на највисоко ниво. Според мене тоа е невозможно. Минатата година владееше хаос – се зборуваше дури и дека станува збор за „вирус“. Потребна ни е поголема пауза за одмор. Проблемот не е толку бројот на мечеви, колку времето за опоравување. Гледав како некои клубови веќе тренираа, додека ние сè уште игравме на Светското клупско првенство.
А што се однесува до Дидие Дешамп, тој е симбол на францускиот фудбал, остави белег и како играч и како селектор. Неговото CV зборува само по себе – токму тој има огромен удел во двете ѕвезди на нашиот дрес“, изјави Мбапе пред натпреварот со Украина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













