
Борбата за опстанок во Првата лига кулминираше, но исто така интересна е и битката за излез во Европа. Шкендија, Вардар и Академија Пандев се речиси сигурни во европските погледи, но доколку струмичкиот тим го освои пехарот во финалето на Купот против Македонија ЃП, тогаш ќе се отвори место и четвртопласираниот тим да игра во Лигата на Европа.
Оттаму многу интересна е борбата на Шкупи, Ренова и на Работнички за да стигнат до тоа четврто место.
Работнички доживеа шок во Скопје и загуби од Победа (1-2), па денеска ќе мора да се ’вади’ на гостувањето кај Академија Пандев. Ќе биде тоа голем испит за „романтичарите“. Академија Пандевг можеби со мислите е веќе во финалето на Купот.
Шкупи гостува во Тетово против лидерот Шкендија. Актуелниот шампион изненадувачки загуби од Беласица во минатото коло, па тимот на Ќатип Османи сигурно нема да сака да си го распродава угледот.
Ренова гостува во Ѓорче Петров и тоа е исто така тешка мисија за „гипсарите“.
ПМФЛ – 31. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ
Турново: ПОБЕДА – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
