
Голем успех за младинскиот тим на Работнички. По одличната сезона, талентираната генерација го освои првото место во македонскиот младински шампионат и по првпат ќе го претставува клубот во квалификациите за младинската Лига на шампиони на УЕФА.

По 22 одиграни натпревари, избраниците на тренерот Томислав Франц се закитија со титулата, освојувајќи 51 бод со биланс од 16 победи, три ремија и три порази. Во последното коло овој викенд, остварија победа на домашен терен против Брегалница Штип, славејќи со 2-1 благодарение на головите на Бектеши и Подграѓа.
Работнички сега добива шанса да се мери со најдобрите младински екипи на Стариот континент — и да го покаже својот потенцијал пред очите на Европа. И има голем потенцијал затоа што во младинската ЛШ ќе можат да играат и дел од првотимците, Димитар Данев, Никола Манојлов, Јован Бошнаков, Алмир Подграѓа, а има и уште многу талентирани момци во младинската академија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Втора лига
Втора МФЛ: Беласица го совлада Тетекс со 0-1
