Работнички го сопре лидерот Шкендија играјќи 0-0 на Националната арена „Тодор Проески“, а според играта може да жали и за останатите два бода од дербито. Тоа го искористи Шкупи и се доближи на шест бода негатива откако славеше со 0-1 на гостувањето во Кратово против Силекс.

Кратовци добија два црвени картони во финишот, Благојевиќ и Серафимовски, а погоди Алварез од пенал во 79.минута од мечот.
Академија Пандев оствари важен триумф (2-1) против Македонија ЃП. Марјан Радески во 11.минута донесе предност за тимот на Васоски, израмни Боби Божиновски во 56.минута, но Марио Крстовски погоди во 80.минута за значајна победа на Академија Пандев.
Пелистер со голот на Иван Пејаковиќ во 92.минута, откако буквално му ја зеде топката од раце на голманот Урош Ѓуриќ ја совлада на гости Струга Трим Лум (0-1).
Ренова го декласира Вардар со 3-0, а вардарци од 26.минута останаа со играч помалку поради исклучувањето на Мартин Радуловиќ – Величковиќ. Шефит Шефити го отвори резултатот во 21.минута, шест минути подоцна Ремзифаик Селмани погоди од пенал, а во 55.минута уште еднаш се запиша меѓу стрелците.
Борец ја победи Беласица со 2-1. Еди Баша и Мурат Адили беа стрелци на головите за Борец, а Зоран Митевски погоди за Беласица.
ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-0
СИЛЕКС – ШКУПИ 0-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА 2-1
РЕНОВА – ВАРДАР 3-0
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ПЕЛИСТЕР 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













